Неверојатно – Со 14 години го освои златото со три перфектни скокови во вода

188

Најмладата во кинескиот тим на ЛОИ во Токио, Кван Хонгчан која има само 14 години го освои златниот медал во скокови во вода на 10 метарска скокалница. Хонгчан имаше неверојатен настап и освои фанастични 466,20 поени.

Сите судии доделија 10-тки за нејзиниот втор, четврти и петти скок со коефициент на тежина 3,2.

Хонгчан учествува на првите Олимписки игри и го донесе на Кина 33-тиот златен медал во Токио.

Второто место го освои нејзината сонародничка, една година постарата Чен Јуки со дури 40 поени зад победничката. Австралијката Мелиса Ву го освои бронзениот медал со 371,40 поени.

 

ПретходноКраузер постави олимписки рекорд и го одбрани златото во фрлање на ѓуле
СледноРусија преку Бразил до финалето на одбојкарскиот турнир