По објавата на „Марка“ дека преговорите меѓу Барселона и таткото на Меси се прекинати и Аргентинецот најверојатно нема да продолжи со Каталонците, стигна и официјална потврда. Барселона со соопштение вечерва потврди дека Меси заминува од „Камп Ноу“.
„И покрај постигнувањето договор меѓу ФК Барселона и Лео Меси и со јасна намера на двете страни да потпишат нов договор денес, тој не може да се формализира поради економски и структурни пречки (регулативи на шпанската Ла Лига). Со оглед на оваа ситуација, Лионел Меси нема да продолжи со ФК Барселона. Двете страни длабоко жалат што желбите и на играчот и на клубот не можат да се исполнат“, објавија вечерва од клубот.
Барса му се заблагодари на Меси за придонесот за унапредување на институцијата и му посака се најдобро во неговиот личен и професионален живот.