Поргугалецот Педро Пабло Пишардо е новиот освојувач на златниот медал во трискок на Летните Олимписки игри. Во финалето имаше најдобар скок од сите натпреварувачи со што стана олимписки првак. Тој имаше прв скок од 17,61 метар, во вториот обид ја повтори должината, а во третиот достигна 17,98 метри што е нов национален рекорд (за седум сантиметри) и доволен за златото.
Се обиде да достигне и 18 метри во останатите обиди но не успеа во тоа. Ова е прв златен медал во неговата кариера, а петти во историјата на Португалија и четврти во Токио.
„Пресреќен сум. Сакав да одам преку 18 метри и да станам првиот Португалец што го направил тоа. Планирав 18,40 метри. За време на загревањето почувствував болка во ногата, но успеав да направам скок доволен за златен медал“, изјави новиот шампион во трискок.
Сребрениот медал е на градите на Кинезот Жу Јаминг, а сребрениот кај Хјуз Фабрис Занго од Буркина Фасо.