По денешната контрола и Вујо и Марковски задоволни од своите тимови

449

Металург и Вардар денеска со пријателски меч означија почеток на контролниот период за двата тима. Вардар беше подобар, но Металург покажа дека подготвува респектабилен тим за следната сезона.

„Ме радува што за многу краток период од почетокот на подготовките покажавме еден добар перформанс. Бевме егал со Вардар. Јас од овој меч барав само сериозен пристап и одговорност, а прикажавме можеби и повеќе од што очекував. Нозете се уште се тешки, но сме на вистинскиот пат. Можеме да бидеме само подобри, ако го задржиме нивото и професионализмот“, изјави по мечот тренерот на Металург, Иван Марковски.

На спротивната страна, новиот предводник на „црвено-црните“, Веселин Вујовиќ вели:

„Можам да кажам дека навистина сум задоволен, играа сите играчи. Имавме добра енергија, нормално, имаше грешки, но и Металург покажа еден квалитет со неколку француски играчи. Овие деца млади што дебитираа, странците, добро се вклопија, па ако треба да дадам оценка за мечот, би рекол, една добра „седмица“. Имам идеја која ќе биде првата вардарова постава, но за ваков натпревар вообичаено е да се комбинира“, вели популарниот Вујо.

ПретходноСо една фотографија Нејмар откри каде ќе оди Меси по Барселона (ФОТО)
СледноМеси не е интересен за Сити: „Граѓаните“ потпишаа со Грилиш, следен е Хари Кејн?