Жан Беленјук, денеска и донесе златен медал за Украина на Олимписките игри во Токио во борење грчко-римски стил. Се работи за спортист со потекло од Руанда, а освен со спорт се занимава и со политиката со што станува првиот Афро-Украинец во украинскиот Парламент.
Беленјук роден во Киев во 1991 година од татко од Руанда и мајка од Украина во периодот кога Украина прогласува независност од Советскиот соуз. Татко му, кој бил воен пилот загинува во граѓанската војна во Руанда, па морал да се грижи за својата мајка во Украина каде што трпел тешки навреди поради бојата на кожата, вклучувајќи и физички напади и дискриминација дури и од роднините.
„Кога со мајка ми се преселивме во Киев, таа се плашеше поради тоа што бев црнец. Но светот се менува и се надевам дека ќе бидам добар пример за сите“, изјави Жан.
Од својата деветта година тренира борење грчко-римски стил, а во 2010 година станува професионалец во овој спорт. Во 2012 година го освојува и првиот медал, бронза на ЕП во Белград. Во 2015 и 2018 е „златен“ на СП во борење, освојува сребро и злато на ЕП во 2015 односно 2019 година и бронза во 2021 година.
Освои сребрен медал на Олимписките игри во Рио 2016 година, а во Токио отиде чекор понапред. Во финалето во категоријата до 87 килограми го победи Унгарецот Виктор Лоринч.
Во 2017 година Беленјук и се приклучува на украинската армија, а две години подоцна се приклучува во украинскиот парламент со што станува првиот Афри-Украинец во украинската политичка сцена. Неговата задача е социјални промени, борба против расизмот и дискриминацијата и подобрување на украинската спортста инфраструктура.
Беленјук најави дека ќе стави крај на спортската кариера по златниот медал на ОИ во Токио и ќе се посвети целосно на политиката.