Првпат во историјата Италија дојде до три златни медали во атлетика на едни Летни олимписки игри! По златото на Марсел Јакобс на 100 метри, Џанмарко Тамбери во скок во далечина, денеска и Масимо Стано се закити со зланиот медал во категоријата 10 километри брзо одење.
Првиот настап на Олимпијадите Стано се погрижи да го заврши со злато што е прво за Италија во брзо одење после 17 години и триумфот на Ивано Брунети во Атина. Стано ја помина патеката за време 1 час 21 минута и 5 секунди.
Сребрениот и бронзениот медал го освоија Јапонци – Коки Икеда и Тошиказу Јаманиши.