Се чини дека трансферот на Ромелу Лукаку е готова работа. Тој се сели во Челзи за сума од 130 милиони евра, а неговиот „кам-бек“ во Лондон ќе придонесе за „вртелешка“ од трансфери.
Така Интер ќе ја пополнува „дупката“ со Дуван Запата од Аталанта, со кој веќе се почнати преговори за негова селидба на „Сан Сиро“.
А, пак, Аталанта замената за Запата ја најде токму во Челзи. Станува збор за напаѓачот Теми Абрахам кој би требало да се пресели во Италија и да го облече дресот на Аталанта.