Светскиот првак Велброк стана и олимписки шампион во маратонско пливање

100

Германецот Флоријан Велброк го освои олимпиското злато во маратонско пливање на 10 километри на отворени води на ЛОИ во Токио. Светскиот шампион финишираше со време од 1:48:33.7 часа и за преку 25 секунди беше подобар од унгарскиот пливач Криштоф Рашовски кој се закити со сребрениот медал.

Трет во дисциплината беше Грегорио Палтриниери со 27 секунди задоцнување кој на Италија и го донесе првото олимписко одличје во пливање на отворени води.

Златниот од Рио 2016, Фери Вертман од Холандија остана седми со големо заостанување, речиси три минути од победникот.

Инаку ова е второ одличје на Велбрук во Токио по освоената бронза во базен на 1500 метри слободен стил.

ПретходноСАД надополни -15 поени против Австралија и влезе во финалето
СледноЈовановска: Задоволна сум од настапот по сите овие години на пот, солзи, повреди, неправди…