Сејдини за името на ФФМ: Ниту јас сум го поставил, ниту имам право да го менувам

1468

На денешната презентација на селекторот Благоја Милевски, претседателот на ФФМ Муамед Сејдини одговараше и на други прашања поврзани со федерацијата.

Неизбежно беше праѓањето околу името ФФМ, за кое се крена прашина на Европското првенство, наводно оспорувано од Грција.

„Ниту јас сум го поставил името на ФФМ, ниту имам право да го менувам. Единствен кој може да го смени е  Собранието на ФФМ. Тоа е мојот став и јас во моментов немам намера ништо да правам по тоа прашање“, рече Сејдини. 

ПретходноМилевски: Со нетрпение чекам да почнам со работа, Пандев ќе недостасува!
СледноНуров го доби својот ривал на утрешниот настап