Денеска ФФМ официјално го промовираше Благоја Милевски за нов предводник на националниот тим на Македонија, наследник на Игор Ангеловски. Среќа на Милевски му посака претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.
„Од мое име и од име на ФФМ му честитам на Благоја Милевски за селекторското место. Дојде како човек кој создаде генерација на успешни репрезентативци, ја започна генерацијата која донесе огромен успех. Јас и федерацијата сме уверени дека тој и фудбалерите имаат капацитет да донесат огромни успеси.
Иако бројката на договорот е само бројка, верувам дека ќе соработуваме многу подолго“, рече Сејдини.
Тој на крајот му посака среќа на Милевски.
„Боби, нека ти е со среќа новото селекторско место“, истакна првиот човек на ФФМ.