Кошаркарската репрезентација на Франција во неверојатен меч, успеа да се пласира во финалето на Олимписките игри. На крајот победа од само еден разлика (90:89).
Возбудлив беше финишот во кој Франција имаше повеќе искуство и трпение и закажа дуел со САД во финалето.
Одлучувачки беше блокот на Батум над Препелиќ, кој тргна на полагање и на победа, па така на крајот Французите славеа.
Де Коло беше најефикасен со 25 поени. Дончиќ беше сопрен на 16 поени.