Викендов стартува новата 30-та јубилејна сезона во ПМФЛ, а временските услови за фудбал се крајно неповолни. Имено пеколно топло е во Македонија, температурите не се спуштаат под 40 степени Целзиусови.
И затоа Академија Пандев својот прв меч во новата сезона и тоа во недела против Струга Трим Лум, одлучи да го закаже во вечерен термин и тоа под рефлектори. Мечот почнува од 20 часот, и нема да се игра на Спортскиот комплекс “Горан Пандев“ туку на Градскиот стадион „Благој Истатов“ во Струмица.
Се очекува и добра посета, играат две одлични екипи кои имаат и тоа како што да покажат.