Манчестер Сити вечерва го објави потписот со англискиот репрезентативец Џек Грилиш. Само половина час откако Барселона објави дека Меси заминува, „граѓаните“ ја објавија „бомбата“ која се очекуваше.
Грилиш ставил параф на шестгодишен договор.
25-годишниот играч од средниот ред доаѓа од Астон Вила, откако одигра 213 натпревари во текот на осум сезони поминати на „Вила Парк“ и постигна 32 гола.
„Неверојатно сум среќен што се приклучив на Манчестер Сити“, рече Грилиш. „Сити е најдобриот тим во земјата со менаџер кој се смета за најдобар во светот – остварување на сонот е да се биде дел од овој клуб“.