Машката репрезентација на Франција е првиот финалист на ракометниот турнир на Олимписките игри во Токио. Избраниците на Жил со 27:23 го совладаа Египет на чија клупа седи поранешниот тренер на Вардар, Роберто Гарсија Парондо.
На полувреме беше изедначено 13:13, а во вториот дел француските ракометари лесно ја полнеа египетската мрежа, а момците на Парондо не можеа да го следат темпото. Франција во финалето ќе игра со подобриот од мечот Шпанија-Данска, додека на Египет му остана борба за бронзениот медал.
Најефикасен кај францускиот тим е Ремили со 9 голови, а Мем постигна 7. Кај Египет Омар реализира 6, а Зеин и Ел Дера по 5.