Само што стартуваше со работа и тренинзи со Шкендија, Бруно Акраповиќ веднаш дочека проблеми со играчкиот кадар. Имено поради црвениот картон пренесен од минатата сезона, на гостувањето кај Тиквеш во Прилеп, Шкендија нема да може да смета на свјот офанзивец Љупче Дориев. Тој е под суспензија и ќе мора да го прескокне овој натпревар. Повреден е Бруно Дита, играчот за врска на Шкендија, па неговиот настап е под знак прашалник. Инаку интернационалецот од Албанија веќе еден месец е надвор од зелените терени.