Македонската преставничка на ЛОИ во Токио Пуликсенија Јовановска не успеа да се пласира во финалето во дисциплината кати, а на крајот го освои деветтото место. Со тоа го заврши учеството на ЛОИ во Токио, а Јовановска на социјалните мрежи емотивно порача дека е задоволна од настапот.
„Колку вредеше, сите овие години, тренинзи, пот, солзи, повреди, неправди.. Презадоволна од сè што дадов на татамите! Привилегија е што бев дел од оваа приказна, завршив на деветттата позиција.
Горда на себе за секоја секунда помината во сала сите овие години. Фала ти Боже за сè’. Ви се заблагодарам на сите за огромната поддршка,на сите вие што верувавте во мене кога беше најтешко“, рече прилепчанката.