Фудбалската репрезентација на САД е освојувач на бронзениот медал на Летните олимписки игри во Токио по триумфот над Австралија со 4:3 во меч за третото место. Оваа бронза има и македонски сјај затоа што селектор на Соединетите Американски Држави е македонскиот стратег Влатко Андоновски.
Крис Лојд и Меган Рапино постигнаа по два гола, а за Австралија погодуваа Форд, Кер и Полкингхорн.
Инаку во финалето на женскиот фудбалски турнир ќе играат Шведска и Канада.