Варан вечерва слетал во Манчестер, се чека потпис со „црвените ѓаволи“

270

Рафаел Варан, наводно, слетал во Англија вечерва, каде треба да го финализира трансферот во Манчестер Јунајтед. Како што објави весникот „Мирор“, Французинот треба да оди во карантин пред да замине на лекарски прегледи.

Дефанзивецот на Реал Мадрид треба да им се придружи на „црвените ѓаволи“ во зделка вредна 41 милион фунти и се очекува истата да биде објавена во наредните денови.

Експертот за трансфери Фабрицио Романо потврдува дека Французинот слетал во Манчестер и дека сега треба да ги мине формалностите пред да го потпише неговиот четиригодишен договор.

ПретходноУште една „бомба“ вечерва: Манчестер Сити го потпиша Грилиш на 6 години!
СледноСо една фотографија Нејмар откри каде ќе оди Меси по Барселона (ФОТО)