И официјално: Стефан Лазаревиќ се врати меѓу „лавовите“!

306

Македонија ЃП од денеска има ново име во своите редови. Тоа е Стефан Лазаревиќ (24) кој попладнево и официјално беше промовиран како нов играч на „лавовите“. Досега тој играше во Вардар, претходно го носеше дресот на Борец, а во Ѓорче се враќа по пауза од три години. Инаку десниот бек кој може да игра и во линијата за врска, играше и за Гостивар, Тетекс и Скопје. Со него тренерот на “лавовите“ Александар Таневски ќе добие освежување во својот состав.

ПретходноДончиќ гневно порача: ФИБА сега веројатно е среќна!
Следно“Марка“ најавува пресврт: Меси никогаш подалеку од Барселона!