Рајан Краузер од САД го одбрани златото на Олимписките игри во категоријата фрлање на ѓуле на атлетскиот турнир во Токио. Краузер победи поставувајќи и нов олимписки рекорд од 23,30 метри со што го подобри претходниот свој рекорд од 22,50 метри кој му го донесе златниот медал на ОИ во Рио 2016.
Со овој триумф тој се доближи на 7 сантиметри од светскиот рекорд во оваа дисциплина.
Двојниот светски првак Џон Ковач од САД остана со сребрениот медал откако достигна 22,65 метри, додека светскиор првак од Лондон 2017 Том Волш од Нов Зеланд се закити со бронзата со личен рекорд сезонава од 22,47 метри.
Љубопитно е што истата постава по ист редослед ги освои медалите и на ОИ во Рио пред пет години.