Данска ја совлада Шпанија во второто полуфинале со 27:23, и си закажа дуел со Франција за златен медал на Олимписките игри во Токио.
Данците беа супериорни во текот на целиот меч, а разликата ја направија во првиот дел кога поведоа со 14:10, а потоа ја одржуваа разликата до крајот на мечот.
Тоа значи дека Гарсија Парондо со Египет за бронза ќе се бори со „својата“ Шпанија.