Бранителот на златото во машкиот одбојкарски турнир, селекцијата на Русија се пласира во финалето на Олимписките игри откако се врати по негатива во дуелот со Бразил во полуфиналето. Русите го изгубија првиот сет со 18-25, вториот го добија со 25-21, а во третиот губеа со 20-11 меѓутоа се вратија и го добија со 26-24 со што поведоа со 2-1.
Во четвртиот сет беше изедначено, Бразил дури водеше со 20-19, но руските одбојкари триумфираа со одличен финиш 25-23.
Максим Миланов со 22 поени беше најдобар на теренот, а Кљука реализираше 15. Кај Бразил најдобар поентер беше Хидалго Леал со 18 поени.
Русија во финалето ќе игра со подобриот од дуелот Франција-Аргентина.