САД надополни -15 поени против Австралија и влезе во финалето

316

Кошаркарската репрезентација на САД е на една победа од четвртата едноподруго титула на ЛОИ. Во полуфиналето Американците ја совладаа селекцијата на Австралија со 97-78 и се пласираа во финалето каде за противник ќе го имаат подобриот од дуелот Франција-Словенија кој се игра во текот на денот.

Американците дојдоа во висока победа, но во првата четвртина Австралија беше многу добра (24-18), а на почетокот на втората четвртина имаше и водство од 15 поени (41-26).

Но селекцијата на Грег Попович како да се загреа и на полувреме успеа да ја намали разликата на само три поени (42-45).

Во второто полувреме Американците почнаа со серија од 12-0 со што го трасираа патот до победата. Најефикасен кај Американците, воедно и на мечот беше Кевин Дурент со 23 поени, а 20 поени додаде Девин Букер.

За Австралија најпрецизен беше Пати Милс со 15 поени, еден помалку реализира Данте Ексим.

ПретходноПарчмент изненади на 110 метри со препреки и донесе злато за Јамајка (видео)
СледноСветскиот првак Велброк стана и олимписки шампион во маратонско пливање