Германецот Флоријан Велброк го освои олимпиското злато во маратонско пливање на 10 километри на отворени води на ЛОИ во Токио. Светскиот шампион финишираше со време од 1:48:33.7 часа и за преку 25 секунди беше подобар од унгарскиот пливач Криштоф Рашовски кој се закити со сребрениот медал.
Трет во дисциплината беше Грегорио Палтриниери со 27 секунди задоцнување кој на Италија и го донесе првото олимписко одличје во пливање на отворени води.
Златниот од Рио 2016, Фери Вертман од Холандија остана седми со големо заостанување, речиси три минути од победникот.
Инаку ова е второ одличје на Велбрук во Токио по освоената бронза во базен на 1500 метри слободен стил.