Тешка повреда на фудбалер на Лестер во пријателски меч (видео)

387

Дефанзивецот на Лестер Весли Фофана заработи тешка повреда за време на синоќешниот пријателски меч со Виљареал. Францускиот интернационалец беше жртва на остар старт на противничкиот напаѓач Нино по што лошо падна и резултатот е загрижувачки. Тој има скршена фибула (помалата коска во ногата) поради што му беше даден кислород и однесен во болница на дополнително лекување.

Тој се јави од болница и порача дека е добро, но жали што ќе го нема извесен период од фудбалските терени.

Фофана им се приклучи на „лисиците“ минатата сезона од Сент Етјен за 30 милиони евра. Минатата сезона одигра 38 натпревари. Тој нема да може да му помогне на својот тим на дуелот со Манчестер Сити во Комјунити шилдс купот.

ПретходноКаратистката Јовановска елиминирана во првата рунда на ЛОИ
СледноПортугалецот Пишардо е олимписки шампион во трискок