Уганда испиша историја: Ја има првата дама со златен медал на ОИ

123

Перут Чемутаи го освои златниот медал на 3000 метри стиплчејс и со тоа стана првата жена од Уганда што освоила олимписки медал. Сите претходни 9 медали ги освојувале мажи, а оваа година во Токио е урната бариерата и Чемутаи стана првата жена од оваа африканска држава со медал. Инаку Чемутаи го освои златото во 3000 метри стиплчејс

Севкупно Уганда сега има три златни медали во историјата, претходните два се освоени во атлетика, четири сребрени медали од кои три во бокс и еден во атлетика и уште два бронзени во атлетика.

Во Токио Уганда има по еден златен, сребрен (Џошуа Чептегеи на 10 000 метри) и бронзен медал (Џејкоб Киплимо исто така на 10 000 метри).

ПретходноТоа е голем клуб: “Пандевци“ ќе ја дочекаат Струга ТЛ во вечерен термин, под рефлектори!
СледноНајголемиот во историјата: Валентино Роси најави повлекување…