Во пресрет на стартот на новата сезона, фудбалерите на Шкупи, стручниот штаб и дел од раководството беа на излет на Матка. Се билдаше тимскиот дух, кој секако дека е непходен ако се сака да се дојде до титулата.
Секако дека убаво беше да се побегне, макар и на неколку часа, од скопскиот пекол.
Инаку чаирчани во недела гостуваат во Штип, каде во меч од првото коло се среќаваат со Брегалница.