Јуниорите одиграа одлично второ полувреме, но Шпанија победи

214

По вчерашната победа над селекцијата на Грузија, јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија го претрпе и вториот пораз во групната фаза на ФИБА Челинџер турнирот во Скопје.

Во меч од 3. коло, Македонија беше поразена од силната Шпанија со 62:69.

Шпанците одлично го отворија мечот и тотално доминираа во првите 20 минути. Иако се обидувавме да ги одржиме на блиско растојание, гостите сепак на полувреме заминаа со 18 поени разлика.

Во вториот дел значително ја подобривме играта, и го добивме третиот период со 17:16. Уште подобро делувавме и во завршните 10 минути кога успевавме континуирано да ја топиме високата предност на Шпанија, но на крајот гостите имаа доволно капитал за трета последователна победа во нашата група.

Во нашата селекција одличен меч имаше Мемед кој заврши со 18 поени, додека Амар Хот постигна 11.

ПретходноБарса до гуша во проблеми: Пред стартот на сезоната се повреди Френки Де Јонг
СледноНуров не успеа да го мине четврфиналето на ЛОИ во Токио