Златни Британки во велодромски велосипедизам

358

Британскиот тим составен од Лаура Кени и Кејти Арчибалд доминираа во велодромски велосипедизам во дисциплината на издржливост медисон на ЛОИ во Токио. Тие на „Изу Велодром“ по 120 кругови освоија неверојатни 78 поени што им ги донесе златните медали, додека Данска е втора со 43 поени, додека Русинките се закитија со бронзените медали со 26 поени.

За Кени ова е петти олимписки златен медал, а за Арчибалд втор.

Британија до моментов има 17 златни одличја и вкупно 53 медали на ЛОИ во Токио и е на четвртата позиција на табелата на освојувачи на медали.

ПретходноПалмисано на роденденот освои златен медал – четврти за Италија во атлетика на ЛОИ во Токио!
СледноФранцузинките одново во финале на ракометниот олимписки турнир