Мексико се бронзени на фудбалскиот турнир на ОИ во Токио

145

Репрезентацијата на Мексико ја освои бронзата на фудбалскиот турнир на ЛОИ во Токио откако во мечот за третото место со 3:1 ја совладаа Јапонија. Мексиканците поведоа во 13. минута со пеналот на Себастијан Кордова, а девет минути подоцна зголеми Жоан Веласкез. Во 58. минута напаѓачот Ернесто Вега зголеми на 3:0, а во финишот Јапонија дојде до утешен гол кој го постигна Каору Митома.

Инаку за златото на фудбалскиот олимписки турнир ќе се борат Бразил и Шпанија, а тој меч се игра утре.

ПретходноЛапорта: „Економската состојба во Барса е таква што не можеме да ги исполниме барањата на Меси“
СледноНачевски и Николов ќе го судат олимпиското финале во Токио!