Според повеќе инфрмации од Италија, агентот на Пауло Дибала, Хорхе Антун утре ќе се сретне со директорите на Јувентус за да одлучат дали да вклучат клаузула за предвремен раскин на новиот договор на напаѓачот.
Антун пристигна во Италија од Аргентина пред две недели, но мораше да оди во карантин десет дена, според прописите за КОВИД-19 во Италија.
За утре, сепак, е закажан ручек со директорот на Јувентус, Федерико Черубини, каде треба да се детализираат некои последни отворени прашања.