Французинките одново во финале на ракометниот олимписки турнир

1097

Ракометарите на Франција се финалисти на женскиот ракометен турнир на ЛОИ во Токио откако во полуфиналето беа подобри од Шведска со 29-27 (15-14). Натпреварот беше неизвесен Швеѓанките добро се бореа го држеа резултатот, меѓутоа Французинките беа поснаодливи и посреќни во финишот.

Најефикасна на натпреварот беше Жади со седум голови, а Фопа постигна пет кај Франција, додека кај Шведска со по шест гола се истакнаа Вестберг и Карлсон.

Французинките за златото ќе се борат со подобриот од дуелот Норвешка – Русија кој се игра од 14 часот по средноевропско време. Швеѓанките кои не ја поминаа групата на претходните ОИ пред пет години ќе одат на борба за бронзените медали.

Да потсетиме Французинките беа сребрени на претходниот Олимписки игри во Рио, а тогаш златото замина во рацете на Русинките.

 

ПретходноЗлатни Британки во велодромски велосипедизам
СледноСКАНДАЛ: Антиќ го избркал Пеце од трибини