Еден од најдобрите ракометари на денешницата, Микел Хансен впиша уште еден рекорд во овој спорт. Во полуфиналето против Шпанија, Данецот постигна 12 голови со што е најдобар ефект на еден ракометар кога станува збор за полуфиналињата на олимписките турнири.
Со тоа го надмина Уве Генсхајмер кој во полуфиналето на претходните ОИ во Рио постигна 11 голови на мечот меѓу неговата Германија против Франција. Да потсетиме ниту неговот двоцифрен број на голови не беше доволен за Германците да победат.
Хансен и Данска ќе се борат за златните медали против Франција во финалето кое се игра во сабота од 14:00 часот по средноевропско време.
FOTO> Twitter/EHF EURO