Грција е изненадувачки прв финалист на олимпискиот ватерполо турнир

285

Ватерполо селекцијата на Грција е прв финалист на ЛОИ во Токио. Во првото полуфинале, грчките ватерполисти ја победија Унгарија со 9:6и се изборија за во првото финале во историјата.

Најдобар поединец кај нашиот јужен сосед на оваа средба беше Стилијанос Агриропулос кој средбата ја заврши со четири гола.

Грција сега го чека името на ривалот во финалето, а во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Србија и Шпанија.

ПретходноКонференциска лига: Од еден дожд им се излупија броевите на дресовите, па ги пишуваа со маркер!? (ФОТО)
СледноЕХФ ги објави термините за ЛШ: Вардар седумпати ќе игра во среда, трипати во четврток