Доминација на Јамајканките во штафетата на 4×100 метри

166

Јамајканките го освоија златниот медал во штафетата четири пати по 100 метри на Олимписките игри во Токио. Спринтерките од оваа земја ја оправдаа фаворитската улога, поставија нов национален рекорд со време од 41,02 секунди.

Штафетата на оваа земја ја сочинуваа Бријана Вилијамс, Елијен Томсон-Хера, Шели-Ен Фрејзер-Прајс и Шерик Џексон.

Второто место им припадна на Американките кои остварија време од 41,45 секунди, додека бронзата ја освоија Британките со време од 41,88 секунди.

ПретходноРусија ќе го брани златото во Токио, Вјахирева енигма за Норвешка
СледноХристијан Георгиевски со „симултанка“ против Удинезе (ВИДЕО)