Британскиот тим составен од Лаура Кени и Кејти Арчибалд доминираа во велодромски велосипедизам во дисциплината на издржливост медисон на ЛОИ во Токио. Тие на „Изу Велодром“ по 120 кругови освоија неверојатни 78 поени што им ги донесе златните медали, додека Данска е втора со 43 поени, додека Русинките се закитија со бронзените медали со 26 поени.
За Кени ова е петти олимписки златен медал, а за Арчибалд втор.
Британија до моментов има 17 златни одличја и вкупно 53 медали на ЛОИ во Токио и е на четвртата позиција на табелата на освојувачи на медали.