Репрезентацијата на Мексико ја освои бронзата на фудбалскиот турнир на ЛОИ во Токио откако во мечот за третото место со 3:1 ја совладаа Јапонија. Мексиканците поведоа во 13. минута со пеналот на Себастијан Кордова, а девет минути подоцна зголеми Жоан Веласкез. Во 58. минута напаѓачот Ернесто Вега зголеми на 3:0, а во финишот Јапонија дојде до утешен гол кој го постигна Каору Митома.
Инаку за златото на фудбалскиот олимписки турнир ќе се борат Бразил и Шпанија, а тој меч се игра утре.