Откако синоќа стана јасно дека по 18 години поминати на „камп Ноу“, лео Меси заминува од Барселона, утрово стигнуваат нови информации околу неговиот евентуално нов клуб.
Магазинот „Атлетик“ известува дека Меси веќе разговарал со тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино, и дека после тој разговор, ПСЖ ќе се зафати да работи на одржливост на операцијата. Парижани се фаворити во трката за освојување потписот на легенадата на светскиот фудбал, но во трка остануваат и првите луѓе на Манчестер Сити.
Шпанска „Марка“ утрово објави дека Сити не се откажал од идејата да го донесе Меси во тимот на Гвардиола, па затоа сите опции остануваат отворени.