Начевски и Николов ќе го судат олимпиското финале во Токио!

354

Македонската судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе го суди натпреварот меѓу Франција и Данска, финалето на Олимписките игри во Токио!

Нашата најдобра судиска двојка денеска и официјално е најдобрата светска судиска двојка и во рамките на својата бранша ја доби најголемата чест и одговорност на Олимписките игри.

Тоа е без споредби најголемиот ракометен меч, а за нив доаѓа како продолжение на врвните перформанси и круна на нивната извонредна кариера во која судеа над 600 меѓународни натпревари меѓу кои и финалето на последното Европско првенство одиграно во 2020 година.

Ова се трети Олимписки игри на кои Ѓорѓи Начевски и Славе Николов се судии, претходно беа на ОИ Лондон 2012 и ОИ Рио 2016.

ПретходноМексико се бронзени на фудбалскиот турнир на ОИ во Токио
СледноСрбија во драма ја совлада Шпанија и влезе во финалето на ватерполо турнирот