Последниот македонски олимпиец во Токио, борачот Магомедгаџи Нуров не успеа да се пласира во полуфиналето во слободен стил во категоријата до 97 килограми. Откако успешно ја мина првата битка, тој беше запрен во четврфиналето.
Нуров извојува победа во првото коло против Тунижанецот Садуи Мохамед со убедливи 5-0, но во четвртфиналниот меч против Кубанецот Ринерис Салас Перез не успеа да мине во директната битка за медали.
Нуров цврсто почна во дуелот и до пред самиот крај имаше 4:4, но во завршницат апо едно невнимание, Кубанецот успеа да дојде до одлучувачки два поени за победа.
Сега останува да се види дали Нуров може да биде повлечен во репасажот во битка за бронзен медал.