Македонската одбојкарска репрезентација денеска го завршува првиот дел од подготовките пред настапот на Европското првенство оваа есен. Нашите одбојкари под водство на селекторот Николиќ завршуваат со базичните подготовки на Маврово, а следната недела почнуваат и со подготвителни средби.
По слободниот викенд кој ќе го добијат, нашите репрезентативци продолжуваат со тренинзи в понеделник во Скопје, а кон крајот на работната недела заминуваат во соседството. Во четврток и во петок се закажани две контролни средби со силната селекцијата на Србија.
По овие дуели следува продолжение со тренинзи во Скопје во очекување на одбојкарскиот меморијал „Бранко Хаџииљоски – Чајка“, каде треба да имаме уште неколку сiлни контроли со селекциите на Израел, Словачка и Црна Гора.