Палмисано на роденденот освои златен медал – четврти за Италија во атлетика на ЛОИ во Токио!

174

Откако вчера го собори сопствениот рекорд по три златни медали во атлетика, Италија ја подобри статистиката и стигна до четвртото златно одличје во овој спорт.

По златото на Марсел Јакобс на 100 метри, Џанмарко Тамбери во скок во далечина, Масимо Стано во категоријата 10 километри брзо одење, денеска триумфираше Антонела Палмисано во категоријата 20 километри брзо одење. Таа постави време од 1 час 29 минути и 12 секунди.

Со 25 секунди задоцнување пристигна Сандра Аренас од Колумбија со што го освои сребрениот медал.  Среброто замина кај кинеската атлетичарка Ли Хонг.

ПретходноХансен го надмина рекордот на славниот Генсхајмер
СледноЗлатни Британки во велодромски велосипедизам