Петар Петковски, некогашниот фудбалер на Работнички и Вардар, попладнево во меч од елитната лига на Романија, успеа да го постигне својот деби гол во новиот клуб, Ботошани. Се играше 61.минута кога некогашниот младински репрезентативец на Македонија, успеа со прецизен удар со глава да му донесе водство на својот тим од 1:0 против тимот на УТА Арад. Крајниот резултат беше 2:1 за тимот на нашиот напаѓач.