Последното злато од ОИ на 50 км. брзо одење за Полјакот Томала

93

Полјакот Давид Томала (31) го освои златото и стана последен олимписки победник на трката на 50 километри брзо одење, која утрово се одржа во Сапоро на северниот јапонски остров Хокаидо.

За Томала ова беше само втора трка во оваа дистанца на која неодамна се префрли од 20 километри, бидејќи, како што рече, барал нов предизвик. Тој стигна до златото со 36 секунди предност пред Германецот Џонатан Хилберт , додека бронзата му припадна на Канаѓанецот Еван Данфи со 51 секунда заостанување зад Полјакот.

Трката на 50 километри беше на програмата на сите Олимписки игри од Лос Анџелес 1932 година, со исклучок во Монтреал 1976 година, но нема да биде во Париз по три години, бидејќи нема иста ваква трка и кај дамите.

ПретходноАмериканките доминантно над Србија за финале на кошаркарскиот турнир
СледноМеси веќе имал разговор со Покетино, но и Манчестер Сити е во игра