Потреси во Токио – Бразилка играла допингувана, исфрлена е од Игрите

241

Бразилскиот олимписки одбор објави дека одобојкарската репрезентативка Тандара Кашета е исфрлена од Олимписките игри во Токио и нема да игра во полуфиналето против Јужна Кореја кое се игра денеска. Причината е „потенцијално кршење на антидопинг правилата“.

Од Бразилскиот олимписки тим додадоа дека Тандара била позитивна на допинг контролата на 7 јули за време на подготовките за настап во Токио, но за случајот се обавестени дури вчера.

Русите изразија негодување поради оваа одлука затоа што тие играа против Бразил во четвртфиналето и го изгубија, а Тандара постигна шест поени на тој меч. Тоа значи дека 32-годишната одбојкарка играла допингувана на тој меч со што веднаш се фрла сенка на легитимноста на турнирот.

FOTO>Twitter/Screenshot

ПретходноСрбија во драма ја совлада Шпанија и влезе во финалето на ватерполо турнирот
СледноМилер Уибо го одбрани златото од Рио и влезе во историјата на ОИ