ПСЖ со понуда до Меси вредна 50 милиони евра годишно, Нејмар му ја дава “десетката“!

2162

Се чини од час во час дека напредуваат преговорите меѓу ПСЖ и Меси, посебно откако Лео Меси имал разговоро со тренерот Маурицио Покетино. Па така газдите на францускиот гигант, веќе испратиле понуда до Меси вредна 50 милиони евра годишно, и договор до 2024 година. Се разбира дека тоа е прифатливо за довчерашниот ас на Барселона, сега останува само уште да каже “ДА“ и да биде официјално промовиран во дресот на клубот од Париз.

За овој трансфер навиваат и Мбапе и Нејмар, првите “ѕвезди“ на ПСЖ. Посебно Бразилецот, кој јавно порачал дека ако дојде Меси во ПСЖ без проблеми ќе го даде дресот со бр.10.

ПретходноСтефан Костов успешно опериран: Ќе се вратам уште посилен!
СледноЗахариевски: Очекувам интересно и крајно неизвесно првенство во ПМФЛ!