Сега почнува незадоволството во Барса: Агуеро побарал заминување!

2169

Откако стана јасно дека Лео Меси ја напушта Барселона, почнува незадоволството во таборот на „Каталонците“.

Наводно прв со реакција се јавил Кун Агуеро кој бил многу лут поради заминувањето на неговиот сонародник, и преку неговиот адвокат веднаш побарал да го напушти клубот.

Агуеро наводно дошол во Барса поради Меси, тоа му било ветено кога стигнувал, а сега нема да биде остварено. Меѓутоа ако го нема тоа во договорот, што е малку веројатно, тогаш Агуеро не може туку така да ја раскине соработката.

ПретходноМонако и Нант „отворија“ со „реми“ (ВИДЕО)
СледноУ-17: Македонија со пораз од Романија во лошо судење (видео)