СТРАШНО: ПСЖ со Меси ќе го има најдобриот тим во историјата на фудбалот!!! (ФОТО)

8066

Лео Меси не е веќе во Барселона. Не поминаа ни 24 часа од официјалната објава дека Аргентинецот по цели 24 години си заминува од “Камп Ноу“, веднаш стигнаа понудите. Прв се јави ПСЖ, кој му нуди цели 50 милиони евра годишно.

Во случај да дојде во Париз, дали тоа значи дека тренерот Маурицио Покетино би го имал најдобриот тим во историјата на фудбалот.

Којзнае.

Сепак вреди малку да фантазираме, што би било кога би било.

Ова е составот во формација 4-2-3-1.

Па така “светците“ на голот ќе го имаат Донарума, најдобриот играч на последното ЕУРО. На десната бековска линија Хакими, најдобриот десен бек во светот, на левата бековска позиција е Бернат. Како стопери тука се Маркињос и Серхио Рамос, довчерашниот капитен на Реал Мадрид.

Како последни играчи за врска тука се Верати и Вајналдум.

И сега погледнете го нападот. По десната страна Ди Марија, по левата Нејмар, во самиот шпиц Мбапе, а позади него Меси.

СТРАШНО…

Ова е тимот кој без проблеми би ја освои Лигата на Шампионите.

Би го имал најсилното напаѓачко трио во историјата:

МЕСИ, НЕЈМАР, МБАПЕ…

ПретходноПетар Петковски стрелец за Ботошани! (ВИДЕО)
СледноРаботнички со нови дресови во новата сезона (ФОТОГАЛЕРИЈА)