Тиквеш ги пушти во продажба билетите за дуелот со Шкендија!

786

Во недела во 17:30 часот на стадионот “Гоце Делчев“ во Прилеп, Тиквеш по цели 17 години пауза ќе одигра првенствен натпревар во ПМФЛ. Од оправдани причини овој меч не може да се игра во Кавадарци, но тоа не е пречка меѓу фановите на Тиквеш да нема голем интерес за дуелот со актуелниот првак на Македонија, Шкендија.

Токму затоа, раководството на кавадаречкиот прволигаш од вечерва ги пушти во продажба билетите за неделниот меч во Прилеп, и тие чинат по 100 денари.

Се разбира дека бројот на билетите е ограничен со оглед на анти – корона мерките кои се уште на сцена.

Сепак се очекуваат во Прилеп во недела Тиквеш да има голема поддршка од своите фанови.

ПретходноПријателска: Еурофарм Пелистер повторно убедлив против вториот тим!
СледноТрамп “удри“ по избраничките на Влатко Андоновски!