Трамп “удри“ по избраничките на Влатко Андоновски!

2307

Женската селекција на САД, предводена од селекторот Влатко Андоновски на ОИ во Токио дојде до бронзата. Иако важеше за најголем фаворит за златото, сепак САД на крајот заврши како трета.

По поразот во полуфиналето од Канада, која денеска стана и олимписки шампион, свој коментар за тоа имаше и некогашниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Тој обвини дел од избраничките на селекторот Андоновски дека биле радикални левичарки и дека паметот не им бил во фудбалот и репрезентацијата, дека не биле патриотки.

“Да не беа тие левичарки и онаа со пурпурна боја на на косата секако дека ќе освоевме злато. Таа фудбалерка повеќе троши време на размислување за политиката отколку за фудбалот“ искоментира Трамп.

Веројатно мислеше на Меган Рапино, која во изминатиот период додека Трамп беше претседател не криеше дека воопшто не го поднесува и како претседател и како личност.

ПретходноТиквеш ги пушти во продажба билетите за дуелот со Шкендија!
СледноХалил Озтурк: Среќен сум што доаѓам во голем клуб како Металург!